| четврток, 6 декември 2018 |

Стоилов треба да плати казна од 300 до 500 евра

Македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов заработи кривична пријава за тепачка, откако пред две ноќи беше нападнат на булеварот „Партизански одреди“, додека беше во друштво на колегата Дејан Манасков и фудбалерот Никола Трипуновски.

МВР денеска во официјалниот билтен објави детали за тепачката, според кој на Стоилов му е издаден записник за констатиран прекршок.

Според членот 11 (тепачка) од ЗППЈРМ глобата за ова дело изнесува од 300 до 500 евра во денарска противвредност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top