Зградата ќе се простира на површина од 2.000 метри квадратни, ќе располага со 28 стана, а според инвеститорот „Унија клуб“, вкупната инвестиција изнесува 900.000 евра.
Како што информира општина Илинден, голем е интересот за новите станови што треба да бидат готови до крајот на годината.
– Во функција на локалниот економски развој, со носењето на урбанистичките планови за Илинден, Марино и Кадино се овозможија нови 2.000 неизградени градежни парцели за индивидуално домување во семејни куќи. Ова се вклопува во концептот на општина Илинден за евтини градби за жителите кои сакаат да изградат сопствени домови, се вели во соопштението од општина Илинден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.