Доколку можете куќата која се продава да ја огласите како место каде Бијонсе снимала спот, нема да имате проблеми со продажбата.
Трошната куќа во Мелбурн се продава за цена која е далеку од реалната и тоа само благодарение на Бијонсе. Имено, на тремот на куата Бијонсе во 2013 година снимала спот за синглот „Но Енџел“
Екипата на славната пејачка и платила на старата сопственичка за куќата три стотини долари за да може Бијонсе да позира и снима пред нејзиниот двор. Во видеото Бијонсе позира во бело крзно, држејќи поголемо куче на синџир.
Куќата има бројни мани и потребна и речиси целосна реновација. Сепак поради фактот дека Бијонсе стапнала на нејзиниот трем за оваа куќа ќе треба да се издвојат помеѓу 470 и 510 илјади долари,, доколку некој посака да ја купи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)