Фолк пејачот Драган Којиќ Кеба е познат по тоа дека води сериозна грижа за изгледот, а не му одолеа и на новиот тренд кој буквално стана хит помеѓу старлетите во регионот.
Имено, неколку дена по козметички третман на тетовирање на веѓите и бегање од фоторепортерите Кеба конечно го покажа новиот изглед.
Сега кога црвенилото се намалило, пејачот објавил селфи со миленикот Пако и го покажа своето ново лице на Твитер.
Коментарите околу новиот изглед на пејачот се поделени, едните му се потсмеваат додека другите го поддржуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.