Македонскиот ракометен првак Вардар се обрати до јавноста со соопштение по инцидентот кој се случи синоќа, а за кој МВР информираше дека биле вмешани играчи на црвено-црниот клуб.
„Клубот жали за вчерашниот настан за кој се тврди дека биле вмешани и ракометари на Вардар. Како клуб секогаш сме подржувачи на спортско надигрување и фер плеј однесување, како на теренот така и надвор од него, и задржување на добриот имиџ.
Играчите на Вардар попладнево го имаа редовниот тренинг, и сите ракометари кои му се на располагање на тренерот Раул Гонзалез беа во салата и ги одработеа поставените задачи. Ниту еден играч не се пожали на повреда, и целосно се посветени на следните натпревари што претстојат.
Како клуб ги следиме сите случувања околу овој настан, и играчите ќе дадат изјава за она за што се поврзуваат. Доколку се утврди вмешанот на некој од членовите на тимот, истите ќе бидат санкционирани во согласност со дисциплинскиот правилник на клубот“, стои во соопштението од РК Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вардар го победи Веспрем
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!
-
Голем хендикеп за Вардар и репрезентацијата: Стоилов ќе паузира два месеца