| четврток, 6 декември 2018 |

Сомнителен маж снимен на местото на експлозијата во Бостон (видео)

Очевидци и учесници на вчерашниот маратон во обид да помогнат во истрагата за бомбашкиот напад во Бостон испратиле десетици фотографии до ФБИ од местата на експлозиите пред и по случувањата. Меѓу купот материјали кои пристигнале до властите, особено внимание привлекле снимките од мистериозен маж во црна облека кој бега од местото на несреќата и од светла торба оставена на местото на експлозијата.

Бостонската телевизија „Канал 7“  прикажа ексклузивни кадри од местото пред и по експлозијата. На првата фотографија се гледа бела торба до работ на улицата пред заштитната ограда, точно на местото каде што се случи една од експлозиите.

torba boston

Втората фотографија, направена по еден час, е од истото место по експлозијата каде што има многу повредени, но торбата ја нема веќе.

boston torba2

Друг очевидец, пак, снимил повеќе фотографии од човек облечен во црно со искинати пантолони, кој панично гледа на сите страни, а потоа со трчање се оддалечува од местото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top