| четврток, 6 декември 2018 |

Стравичен пад при брзина од 290 км/ч (видео)

loris baz 1

Од 1 до 3 февруари на патеката Сепанг во Малезија, се вршат тестирања на моторциклите во МотоГП шампионатот пред почетокот на новата сезона на 20.март.
На вториот ден најдобро време оствари Италијанецот беше Данило Петруци, но тренингот го одбележа стравичниот пад на францускиот моторциклист Лорис Баз од тимот на Авинтиа Рејсинг Дукати.
Тој ја изгуби контролата над својот мотор при излезот од последната кривина на стартно-целната рамнина и со брзина од 290 км/ч заврши на асфалтот. За среќа помина без никакви последици, и веднаш по инцидентот даде изјава.

– Не знам што се случи. Пукна нешто во моторот, но не забележав од што беше тоа. Веднаш потоа ја изгубив контролата и завршив на патеката – изјави Баз.

Веднаш е прекинато тестирањето на повеќе од саат време се додека не биле констатирани причините. По породлжувањето Баз се вратил на патеката, но со далеку послаби резултати од претходно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top