| четврток, 6 декември 2018 |

Пепи Манасков потврди дека е оштетен автомобилот на син му, медиумите објавуваат дека и Стоилов бил нападнат

manaskov i stole

-Возилото на Дејан е нападнато со бекатон плочки, вербален конфликт со навивачка група. Физичка пресметка немало и Дејан не е повреден. Има само нанесена штета на автомобилот – изјави за „Република“ поранешниот ракометар Пепи Манасков, татко на ракометарот Дејан Манасков, кој ноќеска бил во друштво на спортисти кои биле нападнати од група навивачи од Скопје.

„Плусинфо“ повикувајќи се на потврда од скопската полиција објави дека е нападнат и македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов, рано утринава во скопската населба Карпош.

-Според полицијата, нападот се случил околу 4 часот на булеварот Партизански одреди. Но, во интерес на истрагата, од полицијата одбија да дадат дополнителни информации за настанот – пишува порталот.

„Република“ се обиде да стапи во контакт со Стоилов, но тој не одговараше на телефонските повици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top