Француската полиција уапси пет лица во регионот на Лион, кои се подготвувале да заминат за Сирија, јавува дописникот на МИА од Париз.
Според телевизијата БФМТВ, тие се подготвувале да заминат во Сирија преку Бугарија, за што веќе купиле и автобуски карти.
Операцијата на француската полиција беше спроведена од страна на антитерористичката поддирекција, судската полиција и специјалните сили за интервенција.
Според податоците од Франција има 1.700 џихадисти на фронтовите во Ирак и во Сирија, по што следуваат Германија и Велика Британија со по 760, Белгија 460, Босна и Херцеговина 330 и Косово 232.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.