Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао синоќа беше на чекор од враќање во Атлетико Мадрид. Фалкао цел ден престојуваше во Мадрид, „скриен“ во хотел, додека неговиот агент преговараше за враќање на „Висенте Калдерон“.
Но, неговиот трансфер пропадна поради неговиот колега од репрезентацијата Џексон Мартинез. Имено, Мартинез вчера доби богата понуда од Кина, но во последен момент одлучи да остане во Мадрид што го спречи Фалкао да се врати во поранешниот клуб.
Колумбиецот пред почетокот на сезоната пристигна во Челси на едногодишна позајмица од Монако, но се мачи со повредите и со лошата форма. Неговиот соиграч од репрезентацијата Мартинез, пак пристигна летото во Атлетико од Порто за 25 милиони фунти, но исто така има проблеми со лошата форма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.