| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциск ќе се појави во детски филм

Папата Франциск ќе се појави во детскиот филм „Зад сонцето“, кој ќе го сними „АМБИ пикчерс“. Се работи за семеен филм, кој ги учи децата како треба да се однесуваат и како да ги разбираат пораките на Исус Христос. Папата решил да се појави во филмот откако е договорено снимањето на филмот во кој се говори за Исусовото учење. Сиот приход од филмот ќе оди во добротворени цели за помош на децата во Аргентина.

– Среќни сме и благодарни затоа што папата ќе учествува во овој проект. За нас ова не е само филм, туку и порака, која најдобро ќе ја пренесе папата Франциск – велат од компанијата што ќе го снима филмот.

Филмот „Зад сонцето“ ќе се снима во Италија годинава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top