Папата Франциск ќе се појави во детскиот филм „Зад сонцето“, кој ќе го сними „АМБИ пикчерс“. Се работи за семеен филм, кој ги учи децата како треба да се однесуваат и како да ги разбираат пораките на Исус Христос. Папата решил да се појави во филмот откако е договорено снимањето на филмот во кој се говори за Исусовото учење. Сиот приход од филмот ќе оди во добротворени цели за помош на децата во Аргентина.
– Среќни сме и благодарни затоа што папата ќе учествува во овој проект. За нас ова не е само филм, туку и порака, која најдобро ќе ја пренесе папата Франциск – велат од компанијата што ќе го снима филмот.
Филмот „Зад сонцето“ ќе се снима во Италија годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


