| четврток, 6 декември 2018 |

Мартина Хингис се враќа во тенисот, но како тренер

Швајцарката Мартина Хингис ѝ се враќа на тениската игра, но само како тренер и тоа на талентираната Русинка Анастасија Пављученкова. Хингис, која има освоено пет гранслем-титули, ќе се обиде да ѝ го пренесе своето знаење и искуство на 21-годишната Русинка, а веќе пристигна во Москва.

Таму викендов ќе се игра полуфиналето на Федерејшн купот, на кое Русија ѝ е домаќин на Словачка, земја во која Хингис е родена. Таа е од Кошице, но на 7-годишна возраст со мајка ѝ заминала во Швајцарија. Имаше импресивна кариера и може многу да ѝ помогне на талентираната Пављученкова.

Хингис се пензионираше во ноември 2007 година откако беше казнета со 2 години неиграње поради користење кокаин. Изјави дека не е виновна, но не се жалеше на олдуката на ИТФ и се повлече од тениските терени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top