| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалските менаџери во 2012 со заработка од рекордни 163 милиони долари

Фудбалските менаџери лани заработија рекордни 163 милиони долари при трансферите на играчите, наспроти трендот на опаѓање на профитот во светот на фудбалот. Пазарот е намален за повеќе од 350 милиони долари, но за фудбалските агенти нема зима. Од вкупната вредност од 2,53 милијарди долари, на сите трансакции на фудбалската берза во кои спаѓаат ангажмани и позајмици на играчи и отштети за трансферите, масно заработуваат и менаџерите. Најмногу се заработува на англискиот фудбалски пазар, каде што посредниците при трансферите заработиле точно 59 милиони долари. Зад нив се Италијанците со 37 милиони долари, а рускиот пазар опасно се пробива. Таму агентите инкасирале 23 милиони долари.

Според правилата на ФИФА, клубовите од 200 земји мора да користат универзална интернет платформа, на која се внесуваат сите податоци за плаќање при трансфери на фудбалерите во странство. Македонскиот пазар не е ни спомнат во истражувањето на ФИФА, а кај нас сѐ уште тешко се прифаќаат новите трендови. Никој не објавува официјални податоци колкави се трансферите на играчите, а тешко се дефинираат и дознаваат и буџетите на клубовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top