| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена причината за машкото неверство

01_neverstvo_te5435-450x253

Психотерапевтот Гери Њуман смета дека ја пронашол главната причина поради која мажите ги изневеруваат своите партнерки. Според него, машката прељуба нема врска со сексот или со физичката привлечност кон друга жена, а ако има, тогаш станува за навистина мал удел.

Еве која е основната причина за неверство според него:

Њуман спровел анкета на 200 прељубници и дошол до несекојдневен заклучок – врз основа на собраните податоци тој цврсто верува дека главната причина за неверство е емотивната неисполнетост.

Исто така, врз основа на ова сознание, тој заклучил дека припадниците на машкиот пол се почувствителни отколку што сметаме. Едноставно ако не добијат доволно емотивно внимание во моменталната врска, тие ќе го побараат на друго место.

Според собраните податоци, 48% од мажите своето неверство го оправдуваат како емотивно незадоволство, додека 40% од нив тоа задоволство се обиделе да го компензираат на работното место поради фактот што колешките се склони да им даваат комплименти за нивните успеси.

Њуман истакнува дека физичката привлечност игра улога во неверството, но таа не е толку голема колку што изгледа на прв поглед. Според овие податоци дури 88% од мажите ја изневерувале партнерката со помалку атрактивна жена.

Уште еден важен фактор во одлуката дали да се препуштат на неверство е искуството на пријателите. Поточно кажано, доколку мажот е опкружен со луѓе кои имаат искуство со вонбрачни активности, тогаш верниот маж најверојатно и самиот ќе се препушти на забрането дружење.

Извор: Црно-бело

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top