Чешка е репрезентацијата што ќе им биде ривал на нашите ракометари во баражот за влез на Светското Првенство во Франција во 2017 година.
На денешната ждрепка во Краков ги добивме токму Чесите како противници, со што ќе ја продолжиме низата од пресметки со овој ривал.
Македонија се сретна со Чешка во рамките од ЕП 2014 во Данска, кога одигравме нерешено (24-24), а потоа бевме подобри од оваа селекција во квалификациите за ЕП во Полска, ремизирајќи во Злин 27-27 пред триумфот во Скопје со кој ја осигуравме визата за овој европски шампионат (32-28).
ДВОЈКИ ЗА БАРАЖОТ ЗА СП 2017
Шведска – БиХ, Чешка – МАКЕДОНИЈА, Полска – Холандија, Русија – Црна Гора, Србија – Унгарија, Словенија – Поразениот од малото финале на ЕП 2016, Исланд – Португалија, Белорусија – Латвија, Данска – Австрија
Првите натпревари ќе се играат во периодот од 10 до 12 јуни, а реваншите се закажани за една седмица подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)




