| четврток, 6 декември 2018 |

Новото австриско истражување откри: Ако пиете горко кафе можно е да сте психопат!

Новото австриско истражување открива дека љубителите на горки јадења и напитоци покажуваат поголема тенденција од останатите кон садизам и асоцијално однесување.

Проучувајќи ја врската помеѓу личностите и склоностите кон специфични вкусови, научниците од Универзитетот во Инсбрук утврдиле дека лицата кои сакаат горко покажуваат поголема тенденција од останатите кон садизам, макијавелизам, нарцисизам и асоцијално однесување.

Тие луѓе, исто така се изразено себични.

За време на истражувањето, волонтерите биле изложени на разни категории вкусови (слатко, солено, кисело и горко), а потоа морале да ги рангираат според параметрите и да одговорат на прашања поврзани со нивната личност.

Резултатите покажаеле дека лицата кои уживаат во горки јадења и пијалоци покажуваат симптоми на психопатија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top