Сопственик на медиум во градот под Исарот неколку пати ја нападнал сопругата со која подолго време има нарушени односи, а нападот бил пријавен во локалната полиција.
Според полициските информации имало неколку инциденти по што сопругата на штипјанецот поднела пријава. Еднаш таа била пресретната од сопругот на улицата “Генерал Михајло Апостолски” во близина на Основниот суд во Штип. Тој го блокирал патот на автомобилот во кој таа била со пријател. Тој ја извлекол сопругата од колата и ја влечел по улицата заканувајќи се дека ќе ја убие и ќе ја фрли во коритото од реката. Сопатникот на неговата сопруга не се замешал.
По овој инцидент полицијата добила уште една пријава од неговата сопруга. Од полицијата соопштуваат дека случајот се уште се расчистува и документира, по што ќе се одлучи дали има основа за пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.