| четврток, 6 декември 2018 |

Диего Коста одбил да го напушти Челси уште во зимскиот преоден рок

diego kosta

Диего Коста одбил да ги напушти редовите на Челси. Екипата на Атлетико Мадрид, наводно, упатила богата понуда за 27-годишниот напаѓач, Челси веднаш ја прифатил понудата, но не и Коста.

Шпански „Ас“ тврди дека Атлетико Мадрид понудил 45 милиони евра, но Коста не сакал да се врати во својот поранешен клуб.

И покрај тоа, се верува дека „јорганџиите“ се подготвени да испратат и втора понуда, а покрај пари подготвени се во трансферот да го вклучат и колумбискиот напаѓач Џексон Мартинез кој би заминал за Лондон. Но, повторно околу се ќе се прашува Диего Коста.

Оваа сезона Коста игра далеку послабо во однос на минатата. Одигра 27 натпревари во сите натпреварувања, и постигна само 10 погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top