Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски и неговиот Палермо не успеаја да врзат две едноподруго победи во италијанскиот шампионат, откако ремизираа (1-1) на гостувањето против Карпи во првиот натпревар од 23. коло во Серија А.
Палермо посакуваше три бода од дуелот против еден од послабите тимови во лигата, но успеа да дојде само до бод. Први поведоа гостите со погодокот на Џилардино во 24. минута, но Капри израмни преку Манкосу од пенал во 74. минута.
Трајковски на дуелот настапи од 57. минута, но не успеа да се најде во посериозна можност за погодок со кој би донел победа за својата екипа.
Палермо, по ова реми, остана на 14.место на табелата со 25 бода, додека Карпи сега има 19 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)