Манчестер сити рутински се пласираше во осминафиналето од ФА Купот на Англија, по денешната убедлива победа од 0-4 на гостувањето против Астон вила. Мануел Пелегрини се реши да одмори голем дел од првотимците, но и со комбиниран состав беше пресилен за „фенерџијата“ во Премиер-лигата. Младиот Ихеаначо доби предност пред Агуеро и во првите 25 минути постигна два гола (вториот од пенал), во второто полувреме тој го комплетираше хет-трикот, пред Стерлинг да ги постави конечните 0-4.
Бранителот на трофејот Арсенал многу потешко од очекувањата славеше над Барнли со минимални 2-1. Алексис Санчез се најде во стартниот тим и го постигна победничкиот гол за „топчиите“, откако претходно Чемберс со прекрасен погодок од петнаесетина метри го отвори резултатот, а гостите израмнија преку Воукс.
Во премиерлигашката пресметка Кристал палас го совлада Стоук со 1-0 со голот на Заха, додека ВБА на домашен терен одигра само 2-2 против Питерборо.
Ватфорд со гол на Игало во 89. минута се пласираше во осминафиналето по победата од 0-1 на гостувањето против Нотингем форест, додека Тотенхем во првиот меч на денешната програма славеше со убедливи 1-4 на гостувањето против Колчестер.
All Goals HD – Arsenal 2-1 Burnley – 30-01-2016… by ER-TV
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)