| четврток, 6 декември 2018 |

Вестбрук со трипл-дабл го урна Хјустон (видео)

rasel vestbruk

Синоќа во НБА лигата беа одиграни десет натпревари. Вечерта ја одбележа победата на Оклахома над Хјустон од 116-108 во која главна фигура беше бекот на домаќините Расел Вестбрук со нов трипл-дабл во кариерата постигнувајќи 26 поени, 14 асистенции и 10 скока. Ништо послаб не беше ниту Кевин Дурант кој реализираше 33 поени и 12 скока. Кај Хјустон, како и што може да се очекува, Џејмс Харден беше најдобар со 33 поени, седум асистенции и седум скока.

Интересен меч се одигра и во Лос Анѓелес каде Клиперси ја потврдија доминацијата во градската пресметка, славејќи против Лејкерси со 105-93. Крис Пол со 27 поени и седум асистенции беше клучниот за триумфот на Клиперси, додека Рендл на спротивната страна постигна 23 поени.

Кливленд на крилјата на Лав и Ирвинг, кои постигнаа по 29 односно 28 поени, славеа во Детроит против Пистонс со 114-106. Драмонд со 20 поени беше најефикасен домашен играч.

Далас си се поигра со Бруклин, славејќи со 91-79. На гостите не им помогна ниту одличниот Лопез со 28 поени и 12 скока, а Парсонс со 26 поени и 10 скока беше предводник кај Далас.

Мајами со 107-103 победи на гости против Милвоки, а Вејд постигна 24 поени. Антетокоунмпо кај домашните постигна 28 поени, а Монро – 24 поени.

Уште и Бостон славеше против Орландо со 113-94, Јута беше подобра од Минесота со 103-90, и Портланд со 109-91 го надигра Шарлот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top