Роналд Џексон од Тексас завршил во затвор бидејќи ѝ го одзел телефонот на ќерка си откако разбрал дека таа испраќала непристојни пораки.
– Се однесував како родител. Кога детето ќе направи нешто погрешно, го учите да ги поправи грешките. Му кажувате дека згрешило и го казнувате за да ја запамти грешката и да не ја повтори – изјави тој за „Си-би-ес“.
Откако ѝ го одзел телефонот, дошла полиција и Џексон бил обвинет за кражба. Бил уапсен и поминал неколку часа во затвор. За да излезе, платил кауција од 1.500 долари.
Минатата недела конечно неговиот случај бил изнесен пред суд, а тој сведочел пред судијата и ќерка си, која сега сега има 15 години. Судијата го прогласил за невин, бидејќи немало доволно докази дека сторил кривично дело.
Мајката на тинејџерката Мишеч Степ која веќе не е во врска со Џексон изјавила дека е разочарана од пресудата.
– Не може да одземете нечиј имот, без разлика дали сте родител или не. Јас сум сопственик на телефонот бидејќи го купив од свои пари и за него плаќам сметки – изјави таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


