| четврток, 6 декември 2018 |

Цукерберг се врати од породилно отсуство

Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук стана шестата најбогата личност на светот и тоа за време на породилно отсуство на кое беше два месеци

Марк Цукерберг, основачот на „Фејсбук“ стана шестата  најбогата личност на светот и тоа за време на породилно отсуство на кое беше два месеци. После објавата на одличните квартални резултати, цените на акциите на „Фејсбук“ порасна за 12 отсто, така што богатството на Цукерберг сега изнесува 47,9 милијарди долари, според пресметките на „Форбс“.

Цукерберг има 31 година и е најмлада личност меѓу десетте најбогати на светот.

Откако пред два месеци станаа родители, Цукерберг и неговата сопруга Присила, одлучија да го донираат своето богатство.

– Сакаме да создадеме подобар свет за нашите деца. Ќе донираме 99 одсто од акциите на „Фејсбук“ во текот на нашите животи, а кои моментално вредат 45 милијарди долари, како би ги унапредиле животите на другите деца и за следните генерации – објави Цукерберг откако стана татко.

На листата најбогати на врвот и понатаму е Бил Гејтс чиј имот е вреден 76,2 милијарди долари, а го следи Амансио Ортега. На трето место е Ворен Бафет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top