| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во квалификациите за ОИ во Рио, Германија во финале на ЕП

EHF European Men's Handball Championship 2016

Ракометната репрезентација на Германија е првиот финалист на Европското првенство во Полска откако во првото полуфинале по продолженија од двапати по пет минути ја совлада Норвешка со 34-33. По регуларниот дел од натпреварот мечот заврши нерешено 27-27. Со оваа победа на Германците Македонија и дефинитивно се пласираше на предолиписките квалификации кои ќе се одржат во Април.
Германците во трилер меч имаа повеќе нерви во завршницата, најпрвин се спасија од пораз со голот на Дамке на десет секунди до крајот од регуларниот дел, за потоа преку продолженија да постигнат нов гол преку Каи Хафнер на пет секунди до крајот и да стигнат до големото финале. Најефикасен во редовите на „панцирите“ беше Тобијас Рајхман со 10 голови.

EHF European Men's Handball Championship 2016

Мечот започна крајно израмнето како впрочем беше и во сите 60 минути и во продолженијата. Двата тима се менуваа во водството по 15 минута. До тогаш Германија по неколкуте исклучувања на Норвежаните на самиот почеток дојде до најголемата предност од 9-5, но не успеа да ја задржи.
Норвешка во регуларните 60 минути беше поблиску до победата бидејќи имаа предност од два гола на три минути до крајот, но неколкуте нереализирани напади им овозможи на Германците да дојдат до израмнување.
Иако ослабени без неиграњето на неколку првотимци, Германците секако се најголемото изненадување на ова првенство и сосема заслужено се пласираше во големото финале.

EHF European Men's Handball Championship 2016

Во натпреварот за петтото место, тој што можеби сите очекуваа да биде финале, Франција ја совлада Данска со 29-26. Клучен за победата на триколорите беше вториот голман Жерар, кој доби шанса пред Омејер и сосема заслужено се закити со наградата за МВП, благодарение на 20-те интервенции при ударите на данските ракометари. Кунку со осум и Сорендо со шест гола беа најефикасни кај Франција, додека најдобар стрелец на Данска на овој меч беше Кристенсен со седум погодоци.

Репрезентацијата на Полска во натпреварот за седмото место славеше со 26-24 Мечот беше решен во последните пет минути, откако по израмнувањето од 24-24 Швеѓаните не постигнаа ниту еден гол, па домаќините со погодоците на Сипжак и Бјелецки стигнаа до победата. Крајевски и Кониц постигнаа по пет гола за Полска во оваа победа, со која домашната репрезентација стигна до седмата позиција на европскиот шампионат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top