На автопатот ГевгелијаСкопје, кај бензинската пумпа во Демир Капија, вчера во еден часот по полноќ полицијата во патничко моторно возило „Мазда 323“ открила осум илегални мигранти од Иран.
Како што соопшти денеска МВР, полициски службеници се обиделе да ја сопрат „Маздата 323“, но возилото не застанало. Тргнале по него и на околу 500 метри од местото на запирање го пронашле возилото, а возачот успеал да избега. Од извршениот преглед на возилото биле откриени осум илегални мигранти од Иран.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Прв пат отиде сам, без мене: Возачот на Дарко Лазиќ скршен од болка!
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)