| четврток, 6 декември 2018 |

Судир меѓу осум возила, шестмина повредени

sudar1Осум патнички возила: „БМВ“, „фијат уно“, „опел зафира“, „ поло“, „опел корса“, „мерцедес“ и два „голфа“, што ги управувале лица од Боговиње, Долно Палчиште, Гостивар, Новаке и Камењане, вчера се судриле на регионалниот пат Тетово – Пирок, во Калник.

-По несреќата, односно судирот, на повреди се пожалиле шест лица. Пет од нив, по укажаната помош во тетовската клиничка болница се пуштени на домашно лекување, додека еден од возачите на возраст од 28-години е задржан за опсервација – информираат од СВР Тетово.

Причина за судирот, како што е утврдено во увидот, е замрзнат коловоз, а вкупната материјална штета се проценува на 500 илјади денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top