Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска промовираше пет нови мерки наменети за младите, кои, како што истакна, се детално разработени и ќе бидат спроведени до Владата.
Прв проект- изградба на 150 нови игралишта за баскет. Проектот ќе почне во 2017 година, а планирано е да заврши во 2020 година.
Втор проект – инвестирај во својата иднина. Проектот предвидува стипендирање студенти за постдипломски и докторски студии на некои од државните универзитети. Проектот ќе го води Министерството за образование и треба да почне во септември 2017 година.
Трет проект- комплетно реновирање на национална универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“. Предвидено е реновирање на покривот, на читалниците и на работните простории. Проектот ќе го води Министерството за култура и е предвидено да почне 2017 година.
Четврт проект- Ново матично во Скопје. Треба да биде готово до средината на 2017 година.
Петти проект – Изградба на нова голема мултифункционална читалница во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски