| четврток, 6 декември 2018 |

Пет нови проекти за млади промовираше денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски

мерки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска промовираше пет нови мерки наменети за младите, кои, како што истакна, се детално разработени и ќе бидат спроведени до Владата.

Прв проект- изградба на 150 нови игралишта за баскет. Проектот ќе почне во 2017 година, а планирано е да заврши во 2020 година.

Втор проект – инвестирај во својата иднина. Проектот предвидува стипендирање студенти за постдипломски и докторски студии на некои од државните универзитети. Проектот ќе го води Министерството за образование и треба да почне во септември 2017 година.

Трет проект-  комплетно реновирање на национална универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“. Предвидено е реновирање на покривот, на читалниците и на работните простории. Проектот ќе го води Министерството за култура и е предвидено да почне 2017 година.

Четврт проект- Ново матично во Скопје. Треба да биде готово до средината на 2017 година.

Петти проект – Изградба на нова голема мултифункционална читалница во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top