| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен бројот на луѓе што заминуваат од Германија во ИСИС

Германските служби за безбедност имаат информации дека бројот на исламски екстремисти што заминуваат да се борат во Сирија и во Ирак постојано се зголемува со што расте можноста по нивно враќање во Европа тие да организираат терористички напади, јавува дописникот на МИА од Берлин.

isis3

Шефот на Федералната служба за безбедност Ханс Георг Маасен вели дека „Безбедносната ситуација е сериозна“. Речиси 800 луѓе според последните анализи досега од Германија заминале да се борат на Блискиот Исток, а една третина од нив се веќе вратени во земјата. Сите повратници се под мониторинг на германските власти.

Од октомври досега нови четириесетина жители на Германија заминале да се борат во редовите на ИСИС и други радикални групи. Земјата досега не се соочила со сериозни терористички напади како тој во Париз, но службите предупредуваат дека постои реална опасност за слични инциденти и во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top