| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски призна дека не постоеле никакви посериозни забелешки во однос на методологијата за прочистување на избирачкиот список

За ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив кој било европски модел на Закон за медиуми што ќе биде предложен од страна на СДСМ или Питер ван Хауте.

vmro pres

Вака од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја коментираат вчерашната изјава на потпретседателот на СДСМ и член во работната група, Дамјан Манчевски, кој рече дека тие се подготвени да отстапат од своите забелешки во однос на методологиите за прочистување на Избирачкиот список доколку другиоте партии ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА го прифатат предлогот за медиумите.

–Прочистувањето на Избирачкиот список и реформата врз медиумите се основен предуслов за фер и демократски избори. Ако ова не е прифатливо за ВМРО- ДПМНЕ и за другите учесници во преговорите, тогаш тие не сакаат во Македонија да имаме фер и демократски избори – изјави Манчевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со вчерашната изјава Манчевски признал дека не постоеле никакви посериозни забелешки во однос на методологијата за прочистување на избирачкиот список која што беше предложена од ДИК.

-Изјавата и практично е доказ дека СДСМ тенденциозно го блокирале процесот со намера да ги пролонгираат и пробијат роковите и крајна цел да избегаат од избори. Уште поскандалозно е што Манчевски потврди дека СДСМ и натаму ќе се обидува да го покрива стравот од соочување со народот со нови непринципиелни уцени – коментираат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека за нив е прифатлив кој било европски модел на Закон за медиуми што ќе биде предложен од страна на СДСМ или Питер ван Хауте.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top