СДСМ излезе со предлог-мерки протв загадениот воздух. Советникот во Град Скопје од редовите на СДСМ, Дамјан Манчевски посочи:
Во услови на неколкудневна екстремна загаденост, некои од вонредните предлог-мерките што ги предлагаме се:
• Привремен прекин на сите градежни активности во Скопје.
• Бесплатен јавен превоз за сите граѓани во деновите на екстремна загаденост.
• Секојдневно миење на улиците во градот.
• Вонредни контроли и доколку е потребно привремено запирање на работата на сите субјекти што имаатаат интегрирана еколошка Б-дозвола.
Ова се само дел од итните предлог мерки, кои би се применувале во денови на екстремна загаденост. На седницата ќе ја презентираме и нашата долгорочна политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.