Серена Вилјамс и Германката Анџелика Кербер ќе играат во финалето од годинашното издание на Австралија опен.
Вилијамс продолжи да доминира во женскиот тенис победувајќи ја во полуфиналето Агњешка Радванска со 6-0,6-4, додека Кербер беше подобра од најпријатното изненадување на турнирот, Британката Џоана Конта со 7-5,6-2.
Американката стигна до своето 26-то Гренслем финале (седмо во Мелбурн) во кое ќе се обиде да стигне до 22-та титула и се израмни со Штефи Граф на првото место според освоените трофеи на Гренслем турнирите.
Анџелика Кербер, пак, ќе го игра своето прво финале на Грен слем турнир. Досега имала три полуфиналиња во кариерата, а за прв пат успеа да дојде до четирите најдобри во Мелбурн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.