| четврток, 6 декември 2018 |

Maид го промовираше видеоспотот снимен во Скопје (ВИДЕО)

Момчето кое по учеството на регионалното шоу „Х-фактор“ ги освои симпатиите на публиката низ поранешна Југославија, Маид Хечимовиќ деновиве во етер го објави неговиот најнов спот за песната „Док он те љуби“.

Како автори на нова песна на Маид се потпишуваат искусниот тандем Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска, додека мастерингот за истата се правеше во студиото „Метрополис Мастеринг“ во Лондон.

– Јас сум презадоволен од сето ова како испадна. Лазар и Магдалена се совршен тандем и можам да се пофалам дека песната веќе е хит во Босна и Херцеговина. Се надевам дека песната и спотот ќе ѝ се допаднат и на македонската публика која ја обожавам – вели Хечимовиќ.

Видеоспотот се снимаше на неколку локации во Скопје, а режијата е на Дарио Јанковиќ. Покрај Маид во видеоспотот се појавуваат и неколку македонски убавици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top