Ливерпул се пласираше во финалето на англискиот Лига Куп, по драматичен втор полуфинален натпревар против Стоук кој беше решен дури по изведувањето на ударите од белата точка, со триумф на „црвените“ од 6-5.
Пенал рулетот, и тоа дури по седмата серија со финалниот гол на Џо Ален, им донесе финале на „Вембли“ на избраниците на Јирген Клоп, откако реванш дуелот претходно, во регуларниот дел и по продолженијата, заврши со предност за Стоук од 0-1, еднаков резултат каков и на првата средба меѓу двете екипи, но тогаш во корист на Ливерпул.
Стрелец на погодокот за Стоук во регуларниот дел беше Марко Арнаутовиќ во 45. минута, од крајно сомнителна офсајд ситуација.
0-1 Marko Arnautovic – Liverpool v… by zidanekrisz
Но, на крајот, сепак, се радуваа фудбалерите на Јирген Клоп кои беа посреќни во пенал серијата. Во последната, седма серија за Стоук промаши Муниеса, а прецизен за Ливерпул беше Ален.
Во финалето, „црвените“ ќе го чекаат подобриот од втората полуфинална двојка меѓу Евертон и Манчестер сити. Утре се игра реванш дуелот меѓу двете екипи. По првиот натпревар Евертон има предност од 2-1, по триумфот во Ливерпул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.