| четврток, 6 декември 2018 |

Европскиот извештај за Србија „одложен“, утре нова средба во Брисел

srbija-kosovo-znameУтре продолжуваат разговорите меѓу Белград и Приштина во Брисел, пренесува српски „Танјуг“ од дипломатски извори во ЕУ. Се очекува Европската комисија да го одложи објавувањето на извештајот за Србија на неколку дена за да се обезбеди уште време за продолжување на разговорите. Известувачот на ЕП за Србија, Јелко Кацин, вели дека е уверен оти сѐ уште постои можност Белград и Приштина да се договорат за надлежностите за српските општини на Косово.

На состанокот меѓу премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, веројатно, ќе присуствува и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, која во моментов се наоѓа на балканска мини-турнеја, во чии рамки попалднево од Тирана ќе допатува во Скопје.

Директниот дијалог меѓу Белград и Приштина по осмата рунда преговори е во застој, но двете страни во меѓувреме изразија подготвеност за натамошни разговори и за приближување на ставовите.

Пред новата средба косовската министерка за евроинтеграции Фљора Читаку се надева дека оваа шанса нема да биде пропуштена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top