Најдобриот играч на Белорусија на Европското првенство во Полска Сергеј Рутенка заработи повреда на последниот меч за својата репрезентација против Полска, и е под знак прашалник за настап против Македонија во последниот натпревар на ова ЕП.
Поранешниот соиграч на Кире Лазаров од Барселона, потскокнувајќи го напушти теренот на мечот во вчерашниот меч уште во првото полувреме, а првичните прогнози се дека се работи за повреда на зглобот и дека тој нема да може да игра против „жолто-црвените“. Рутенка е најдобар ракометар на Белорусија на ова ЕП и дефинитивно со неговото отсуство белоруската репрезентација ќе има голем хендикеп. Покрај Рутенка, на мечот против Полска не настапи и Бабичев и тој ќе го пропушти натпреварот против Македонија.
Натпреварот меѓу Македонија и Белорусија се игра на 27 јануари од 16 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.