Серена Вилијамс продолжува да доминира во меѓусебните дуели со Марија Шарапова. Американката 18-ти пат во низа славеше против Русинката пласирајќи се во своето седмо полуфинале на Австралија опен.
Вилијамс 21-от дуел со Шарапова го доби со 6-4,6-1, па ја продолжи непобедливата низа која трае од 2004 година.
Американската тенисерка во полуфиналето на Австралија опен ќе игра со Агњешка Радванска од Полска која неочекувано лесно ја надигра Карла Суарез-Наваро, победувајќи со 6-1,6-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.