Управата на градскиот базен во Медлинг, во близина на Виена, забранила влез за „лица со мигрантско потекло“, пренесуваат австриските медиуми.
Упатството кое било поставено на влезот на објектот од страна на шефот на базенот, Роберт Мајер, укажува дека мигрантите не смеат сами да влезат на базен, туку само во придружба на некоја друга личност. Информацијата предизвика реакции во јавноста, а младите социјалисти веднаш поставија неколку прашања до управата од типот: „Колку темна треба да биде мојата кожа а да ме пуштат на базен?“ и „Ако сум Ариевец дали може да влезам?“
Директорот на базенот објаснил дека кога напишал „луѓе со мигрантско потекло“, пред сѐ мислел на малолетни бегалци. Според него, вработените во базенот не можат да им ги објаснат правилата на бегалците тинејџери затоа што не го знаат доволно германскиот јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Проблематичен бетон се става во охридскиот базен? Нападнат главниот надзорник зошто ја стопирал изградбата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец