Поранешниот шеф на француската тајна служба (DGSE), Пјер Сираму, тврди дека поранешниот косовски премиер и актуелен вицепремиер и шеф на дипломатија, Хашим Тачи, бил француски разузнувач, јави порталот Албеу.
– Да, Хашим Тачи беше француски агент. Во историјата на неговото регрутирање беше вклучен тогашниот разузнавачки офицер од одделот за балкански прашања Арнауд Дањеан.Тој го доведе Тачи во Рамбуе,изјави Сираму во документарна емисија на телевизијата Канал Плус.
Според него, Франција имала интерес да го зголеми своето влијание во земјите каде,како што изјавил, немало демократија или биле во војна, а меѓу тие држави, во тоа време било и Косово, кое пред себе ја имало Србија.
– Франција имаше интерес да формира илегално движење во Косово, посебно по снимките емитувани во медиуми, каде Србите убиваат и масакрираат жени и деца. Франција, исто така, ја снабдуваше со оружје УЧК, додал Сираму.
Тој уште нагласил дека Франција била заинтересирана во Косово да има свој претставник на воената страна, покрај Ругова, на умерената страна.
Хашим Тачи во истата емисија изјавил дека Франција го помагала Косово, а не него лично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Жената на Хашим Тачи го изневерува со претседателот на Собранието, ама и тој не и останал должен!
-
Скандал го тресе косовскиот политички врв: Сопругата на Хашим Тачи во љубов со собранискиот спикер Весели
-
Тачи ги повика граѓаните да се воздржат од каква било провокации