Норвежаните останаа без посакуваната победа против македонската репрезентација, а на крајот можат да бидат и задоволни што освоија бод во ремито 31:31 на денешниот дуел на Европското првенство во Полска.
Ако на пример еден Ерленд Мамелунд по натпреварот изјави дека неговата репрезентација имала тешка задача против репрезентација предводена од играч од светска класа како Кире Лазаров, Еспен Ли Хансен никако не можеше да се помири со двете исклучувања кои ги доби и по натпреварот ги обвини нашите репрезентативци за симулирање.
– Не одигравме добро во првото полувреме, направивме нивниот голман да стигне до повеќе одбрани. Но, успеавме да се вратиме, а мислам дека Македонците постојано симулираа и претеруваа со реакциите. Тоа е навистина срамно, тоа не е ракомет, – изјавил Хансен веднаш по мечот во Краков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.