| четврток, 6 декември 2018 |

Претепан газда на ноќен клуб, локалот уништен

Вчера наутро во прилепската полициска станица, сопственикот на ноќен клуб Г.Р. (43) од Прилеп, пријавил дека во текот на ноќта посетителите В.К., З.Д., Д.Н. и уште неколку непознати лица кои биле во алкохолизирана состојба, заминале од клубот без да ја платат сметката.

Истите во 04.20 часот,  маскирани и со железни шипки се вратиле во клубот, ја скршиле влезната врата, со спреј-солзавец го испрскале и физички го нападнале Г.Р. и со шипките во раце се движеле по масите на присутните и шанкот на објектот, кои во страв и паника почнале да бегаат и да излегуваат од локалот.

Во општата болница во Прилеп на Г.Р. му се констатирани телсни повреди- расекотини во пределот на главата.

СВР Битола превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top