Вчера наутро во прилепската полициска станица, сопственикот на ноќен клуб Г.Р. (43) од Прилеп, пријавил дека во текот на ноќта посетителите В.К., З.Д., Д.Н. и уште неколку непознати лица кои биле во алкохолизирана состојба, заминале од клубот без да ја платат сметката.
Истите во 04.20 часот, маскирани и со железни шипки се вратиле во клубот, ја скршиле влезната врата, со спреј-солзавец го испрскале и физички го нападнале Г.Р. и со шипките во раце се движеле по масите на присутните и шанкот на објектот, кои во страв и паника почнале да бегаат и да излегуваат од локалот.
Во општата болница во Прилеп на Г.Р. му се констатирани телсни повреди- расекотини во пределот на главата.
СВР Битола превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.