Американски авион со 203 патници принудно слета на аеродромот на канадскиот остров Њуфаундленд во Атлански Океан поради силни турбуленции, при што седум лица се повредени и хоспитализирани.
Авионот „bоинг-767“ на авиокомпанијата „Американ ер“ летал на релација од Мајами, во американската држава Флорида, кон италијанскиот град Милано.
Портпарол на авиокомпанијата изјави дека ниту еден од повредените не се наоѓа во животна опасност.
Турбуленциите почнале во момент кога се вклучил сигналот за врзување на заштитните појаси.
Патниците ноќта ќе ја поминат на островот во градот Сент Џон, по што ќе се донесе одлука како да го продолжат патот кон Милано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.