Портпаролот на војската на Швајцарија, Штефан Хофер, потврдил дека 12 војници на должност, кои го обезбедувале Светскиот економски форум во Давос, биле позитивни на канабис и кокаин.
Како што јавуваат светските агенции, пет војници, биле позитивни на кокаин, а кај еден војник се пронајдени три грама кокаин.
Против војниците е поведена дисциплинска постапка, а како што изјавил Хофер не е загрозена безбедноста на самитот поради овој инцидент. Инаку Самитот во Давос го обезбедуваат 4.500 војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.