Барселона стигна до три бода на гостувањето кај Малага (1:2), но расположените домашни фудбалери во текот на сите 90 минути му создаваа големи проблеми на актуелниот шампион.
Каталонците стигнаа до почетно водство уште во втората минута од натпреварот благодарение на упорниот Луис Суарез кој му намести гол на младиот Мунир, но во продолжение од првиот дел на теренот играше само еден тим кој на десетина минути пред крајот на истото сосема заслужено стигна до израмнување.
По неколку одлични интервенции на Браво, мрежата на гостите конечно ја погоди Хуанпи по лошото расчистување кое го имаше Маскерано, гол со кој само навести уште поголеми возбудувања во вторите 45 минути.
Барселона повторно ја искористи заспаноста на домаќините на стартот од второто полумвреме за да стигне до предност, а овој пат улогата на стрелец ја имаше Лионел Меси кој со одличен кунг-фу потег го матираше Камени.
Слично како и во првиот дел, Малага ги имаше најзрелите шанси за погодок до крајот на натпреварот, меѓутоа на висина на задачата остана фантастичниот Браво кој му донесе исклучително значајни три бода на својот тим во борбата за шампионската титула во Примера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)