Целосно изгоре куќа во скопско Шуто Оризари. 8 члено семејство остана без покрив над глава. Во пожарот кој избувнал вчера вечер, повредени се три лица. Повредените се хоспитализирани во болницата св Наум Охридски. Од куќата се останати само голи разрушени ѕидови и пепел. Пожарникарите навремено го локализирале пожарот пред пламените јазици да ја зафатат и соседната куќа.
Соседите од куќата која е лепенка до опожарената работеа на поправка својот кров и не сакаа да зборуваат пред камера, пренесува Сител. Полицијата изврши увид но сеуште не се знае од кои причини настанал пожарот. Куќата е во сопственост на еден од повредените. Останатите членови на семејството меѓу кои се и 4 деца ноќта ја минале кај роднините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)