| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Светлана е Цеца?

Колку Цеци знаете? Барем на јавната сцена во регионот ги има доволно да се запрашате поради што Цеца Бојковиќ

Svetlana-Bojkovic

Светлана Бојковиќ – актерка

 

Цеца Китиќ

Screenshot_2

Светлана Китиќ – ракометарка

 

 

и секако Цеца Ражнатовиќ го имаат токму тој прекар.

Ceca-Raznatovic-620x350

Како што пишува порталот Прва.рс   професорот на Филолошки факултет во Белград Михаило Шќепановиќ  го објаснил овој прекар. Тој вели дека прекарите настануваат под влијание на местото на акцентот.

-Буквите СВ се  инкорпорирале во Ц, па така од Светлана прво имавме Света и Свела. Цеца веројатно настанала од Света тако што СВ се сменило во Ц. По тоа и буквата Т е инкорпорирана бидејќи Цеца е полесно да се изговори. Менувањето на јазикот е спонтан процес и се случува со децении и години наназад – појаснува Владо Џукановиќ познат лингвист.

Screenshot_1

– Тоа е спонтан процес и такви примери ги имаме во сите јазици, а причината е тоа што јазикот е жива работа – заклучува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top