Цеца Ражнатовиќ ги почна подготовките за свадба на својот син Вељко Ражнатовиќ и неговата свршеница Бојана Родиќ, која би требало да биде во јуни наредната година.
Најголемата балкнаска ѕвезда не жали пари, па за веселбата, како што велат добро упатените, ќе потроши околу 100.000 евра. Цеца на синот му предложила веселбата да биде организирана во хотелот каде се славело неговото и полнолетството на Анастасија, со што тој се сложил. Тоа го сакаат и родителите на Бојана, кои се вклучени во подготовките.
Гостите ќе ги забавуваат повеќе пејачи, а гордата мајка ќе се „отвори“ за нив. Сите знаат колку е весела Цеца, па нема сомнеж дека пејачите на свадбата ќе дбоијат и добар бакшиш.Таа ќе и помогне на идната снаа да одбере и венчаница.
-Кога Цеца слави, тоа мора да биде гала. не е важно дали во прашање е семејна слава, роденден или некое друго славење, се мора да биде беспрекорно. Затоа на време почнала со поготовките. Парите не и се важни, туку се да биде во ред- рекол извор близок на пејачката, кој додал дека на свадбата ќе има околу 400 гости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.