Колку Цеци знаете? Барем на јавната сцена во регионот ги има доволно да се запрашате поради што Цеца Бојковиќ
Цеца Китиќ
и секако Цеца Ражнатовиќ го имаат токму тој прекар.
Како што пишува порталот Прва.рс професорот на Филолошки факултет во Белград Михаило Шќепановиќ го објаснил овој прекар. Тој вели дека прекарите настануваат под влијание на местото на акцентот.
-Буквите СВ се инкорпорирале во Ц, па така од Светлана прво имавме Света и Свела. Цеца веројатно настанала од Света тако што СВ се сменило во Ц. По тоа и буквата Т е инкорпорирана бидејќи Цеца е полесно да се изговори. Менувањето на јазикот е спонтан процес и се случува со децении и години наназад – појаснува Владо Џукановиќ познат лингвист.
– Тоа е спонтан процес и такви примери ги имаме во сите јазици, а причината е тоа што јазикот е жива работа – заклучува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.